Само неколку недели откако објавија дека ќе станат родители, ќерката на пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот партнер, фудбалерот Немања Гудељ ја примија најтажната вест – го загубија бебето.
Оваа информација фудбалерот ја сподели на својот Инстаграм, нагласувајќи дека ова е многу болен момент за нив. Немања не крие колку ги погоди веста за загубата на бебето, а од сите побараа разбирање во тешките моменти низ кои минуваат.
Споделивме со вас убави вести и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки за нас. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема жалост, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов ќе го надмине и ова“, напишал тој.
ФОТО: Инстаграм