Фудбалерот на Ливерпул шокиран: Не разговарам со Клоп, не ми даде совет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во летниот преоден рок минатата година, Ливерпул потроши 5,9 милиони евра за да го доведе Фабио Карваљо од Фулам.

Португалскиот напаѓач ќе ја продолжи кариерата на позајмица во Лајпциг по разочарувачкото искуство на „Енфилд“. Под команда на Јирген Клоп одигра само 340 минути на 13 натпревари во англиското првенство и постигна два гола.

Иако се уште е под договор со Ливерпул и иако според договорот на клубовите се очекува негово враќање на Енфилд следната сезона, младиот португалски репрезентативец призна дека немал добри односи со тренерот.

„Да бидам искрен, не разговараме. Не ми даде никаков совет. Морав да научам сè во лет“, изјави Карваљо, кој одигра само осум минути под водство на Клоп во 2023 година.

Share This Article