Фудбалерот Бракамонте го направил незамисливото и останал жив

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот аргентински фудбалер Хектор Бракамонте три години играше во Русија и таму доживеа неверојатни авантури. Бракамонте, кого го красеа храброст и лудило, имал интересна средба со лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, голем вљубеник во боречките вештини и во фудбалот, пишува Мондо.

– Кога стигнав во Грозни, веднаш ме однесоа во резиденцијата на почесниот претседател на клубот и прв човек на Чеченија, Рамзан Кадиров. Разговаравме, а потоа излеговме надвор. Кадиров влезе во мерцедес, јас бев до него. Телохранителот беше одзади. Почна да вози како Михаел Шумахер. На сред пат под седиштето извади нешто украсено со дијаманти. Тоа беше автоматски пиштол! Кадиров ми го подаде. Не знаејќи што да правам. Го ставив прстот на чкрапалото и почнав да нишам… кон Кадиров –  се присети Аргентинецот во интервју за Совспорт.

Телохранителот ја подигнал цевката од автоматот и го вперил кон Аргентинецот, кој останал зачуден:

– Никој нема право да пука во претседателот!

– За сето тоа време Рамзан Кадиров не престана да се смее. Ја отвори касетата во автомобилот во која имаше неколку списанија и ми ги покажа патроните. Тогаш му кажав дека можам да пукам во него – вели Бракомонте.

– Ах, а кој би ти дал плата? – прашал Кадиров.

– Почнавме да се смееме. Но, знам дека испукав куршум. Дури ни Рамбо не би излегол жив од тој автомобил – се сеќава Бракамонте.

Инаку, Бракамонте за клубот од Грозни одигра 37 натпревари и постигна четири гола. Пред да дојде во Чеченија играше за „Москва“, а подоцна и за „Ростов“. По завршувањето на кариерата остана во фудбалот, имаше своја академија, а работеше и со помладите категории во Бока Јуниорс.

Денеска тој е селектор во Уругвај каде го предводи тимот на Серо Ларго.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article