Фудбалерите на Јунајтед се отруле на пат во Молдавија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По натпреварот од Лига Европа со молдавскиот Шериф од Тираспол, дури 12 фудбалери на Манчестер Јунајтед се најдоа во неволја.

Минатиот четврток Јунајтед победи со 2:0 против Шериф, па ја доби првата победа и првите бодови во групната фаза.

Но, британски „Сан“ пишува дека ден по натпреварот дури дванаесет играчи на Јунајтед почнале да се чувствуваат лошо и најверојатно се труеле со храна.

Неколку играчи дури и го прескокнаа тренингот во петокот. Манчестер Јунајтед се обидува да открие дали играчите добиле труење со храна во Кишињев или храна од авионот на враќање во Англија.

Share This Article