Фудбалерите на Барселона славеа титула, навивачите на Еспањол тргнаа да ги тепаат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на шпанскиот фудбалски клуб Барселона, Жоан Лапорта, не можеше да се воздржи и да ја сокрие радоста по триумфот на каталонците на градското дерби со Еспањол, со кој практично беше обезбедена новата титула во шпанската Ла Лига.

Фудбалерите на Барселона долго во ноќта ја славеа шампионската титула, а Лапорта еуфорично го потврди она што сите навивачи на Барса сакаат да го слушнат – дека клубот ќе ги интензивира преговорите со Лео Меси за враќање на аргентинскиот генијалец на „Камп Ноу“.

– Ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да го вратиме Меси, ви го ветувам тоа – порача Лапорта преку клупската телевизија.

Претседателот на Барселона потоа се осврна и на освоениот шампионски трофеј, потенцирајќи го тренерот Чави како една од клучните фигури за успехот.

– Чави работеше толку напорно за да ни донесе квалитетен фудбал, знаење и работна етика. Тој заслужува да биде издвоен како најзаслужен за трофејот. Ова е историска титула, ја освојуваме на четири кола до крајот, што е голема работа – истакна Лапорта.

Но, во еден момент, додека каталонците славеа, навивачите на Еспањол одлучија да се симнат на теренот и да се пресметаат со фудбалерите на Барселона.

Фудбалерите на Барселона се сокрија во подтрибинскиот простор, но Жорди Алба, Роналд Араухо и Серхио Бускетс сакаа да излезат и да се пресметаат.

Тогаш интервенираше полицијата и спречи да се случи поголем инцидент.

Share This Article