ФСН: Спречен терористички напад во Русија – планирал да активира бомба во зграда, па умрел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Терористички напад бил спречен во областа Самара, кога маж (30) планирал да активира бомба во зграда во која се добивала хуманитарна помош, соопшти Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), пренесува Спутник.

При акцијата за апсење експлозивната направа сама се активирала, поради што терористот бил убиен.

Немаше повредени меѓу членовите на ФСБ и цивилите.

Федералната служба за безбедност го опишува напаѓачот како соучесник на Рускиот волонтерски корпус (РДК), кој според руските власти е под покровителство на украинските специјални служби.

- Advertisement -
Ad image

ФСБ додаде дека во септември минатата година бил регрутиран од украинската разузнавачка служба преку РДК и дека се согласил да организира и да врши диверзии на територијата на Русија.

При претресот во неговиот стан, откриена е лабораторија за изработка на експлозивни направи, компоненти и уште една бомба подготвена за употреба.

Share This Article