Припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објавија дека привеле руски државјанин поради планирање „терористички напад“ во регионот Свердловск по наредба на Украина.ФСБ наведува дека станува збор за 61-годишен маж кој планирал напад на транссибирската железничка спојка во регионот Свердловск на планината Урал, пренесе ТАСС.
Повикувајќи се на ФСБ, ТАСС пренесува дека човекот бил регрутиран од разузнавачката служба на Украина во градот Лавов, од каде бил префрлен во Русија.
ФСБ посочува дека мажот ги признал обвиненијата и соработува со истрагата.
Во последниве месеци, Украина ги засили нападите врз економски цели во Русија користејќи беспилотни летала со долг дострел и гаѓајќи ги рафинериите во западниот дел на земјата.
Киев претходно најави дека ќе ја таргетира Транссибирската железница, која е клучна рута за рускиот товарен сообраќај.