Фронтменот на групата „Ролинг стоунс“, познатиот пејач Мик Џегер, дел од наследството можеби нема да остави на своите деца. Имено, станува збор за пари од продажбата на каталогот на бендот, кои би можеле да одат во хуманитарни цели.
Зборувајќи за „Волстрит журнал“, Џегер рече дека не планира да го продаде каталогот на бендот по 1971 година, сугерирајќи дека наместо тоа би можел да оди во добротворни цели.
„На децата не им требаат 500 милиони долари за да живеат добро“, вели познатиот музичар, додавајќи дека ако одат во добротворни цели, „можеби ќе направи нешто добро во светот“.
Џегер има осум деца. Најстариот има 52, а најмладиот шест години. Најстариот Карис го доби во 1970 година со актерката Марша Хант. Втората ќерка Џејд (51) ја доби една година подоцна со поранешната сопруга Бјанка Џегер.
Пејачот имаше четири деца со супермоделот Џери Хол – ќерките Елизабет (39) и Џорџија Меј (31) и синовите Џејмс (38) и Габриел (25). Лукас (24) е роден во 1999 година додека беше во врска со манекенката Лусијана Гименез Морад, а во 2016 година го доби своето најмало дете Девера со кореографката и поранешна балерина Мелани Хемрик.
До денес, бендот сè уште не ги поседува авторските права на некои од своите најголеми хитови.
Во опширното интервју, Џегер зборуваше и за тоа како ги препознава сличностите помеѓу проблемите на сопствеништво кои Тејлор Свифт ги имала со својата издавачка куќа и раната музика на „Ролинг стоунс“. Имено, бендот и до ден-денес не ги поседува авторските права на некои од своите најголеми хитови.
„Индустријата беше толку во зародиш што ја немаше поддршката и бројот на луѓе кои би можеле да ве советуваат како сега. Но знаете, тоа сè уште се случува. Мислам, погледнете што се случи со Тејлор Свифт! Всушност, не ги знам деталите, но очигледно не била среќна“, рече Џегер.
„Ролинг стоунс“ на почетокот на овој месец го објавија „The Hackney Diamonds“, што им е прв албум по 18 години. Тие ја објавија и песната „Angry“, која исто така се наоѓа на албумот, а деновиве бендот објави и дел од песната што ја снимија со Леди Гага и Стиви Вондер.