More

    Фрлиле звучни бомби на демонстрантите и пукале во воздух

    spot_img

    Руските вооружени сили го киднапираа градоначалникот на украинскиот град Славутич и ги растераа жителите кои протестираа поради руското преземање на контролата врз градот сместен во подрачјето на Киев, јави Анадолија.

    Началникот на киевската Регионална воена управа Александар Пављук соопшти дека руските сили ја зазеле и градската болница во Славутич. Истакнувајќи дека жителите на градот излегле на улиците во знак на протест поради окупацијата, Пављук напомена дека насобраните граѓани пред болницата развиле големо украинско знаме и скандирале пароли против Русија.

    Тој рече дека руските сили фрлиле звучни бомби на демонстрантите и пукале во воздух, со цел да ги растераат.

    Нагласувајќи дека народот не се разотишол, туку продолжил со протестот, Пављук рече дека руските сили го киднапирале градоначалникот на Славутич, Јуриј Фомичев, пренесува Анадолија.

    На социјалните мрежи се објавени снимки од демонстрациите во Славутич, градот што настана како прибежиште за жителите на Припјата, што во потполност е евакуиран по нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img