More

    Фриц е следниот противник на Ѓоковиќ откако Србинот со 3-0 го совлада Манарино

    spot_img

    Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ги сподели емоциите откако го совлада Французинот Адријан Манарино во четвртото коло на Австралија опен – 6:0, 6:0, 6:3.

    По овој меч, Ѓоковиќ се искачи на второто место по бројот на сетови без изгубен гем на Грен слем турнирите.
    – Адријан е многу необичен играч, секогаш е тешко со него. Тој одлично ги користи аглите и има еден од најрамните, најконстантните бекхендови на турнеја. Натпреварите со него се секогаш како мачка и глушец, па морав да трпам долги размени и да го бркам низ теренот – што и го направив. Генерално одлична изведба. Првите два сета беа едни од најдобрите по долго време. Последните неколку дена работите се одвиваат многу добро – и на здравствен и на тениски план. Многу ми е мило – изјави Ѓоковиќ по натпреварот.

    Во четвртфиналето на Австралија опен, Србинот ќе игра против Тејлор Фриц (САД), кој во осминафиналето го победи Гркот Стефанос Циципас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img