More

    Французите порачаа дека нема да има дочек за фудбалерите. Погледнете што направија

    spot_img

    Во понеделникот вечерта околу 60.000 француски навивачи на плоштадот Конкорд во Париз ја пречекаа фудбалската репрезентација која од светското првенство се врати со сребрен медал.Иако челниците на Француската фудбалска федерација во понеделникот најавија дека нема да има формален дочек, сепак тоа се случи и покрај болниот пораз во финалето од Аргентина, по изведувањето пенали.

    Толпа француски навивачи се собра да ги поздрави фудбалерите кои беа шампиони и вицешампиони на последните две светски првенства, а голем делириум настана кога селекторот Дидие Дешам и играчите се појавија на балконот од хотелот „Крилон“.

    Во исто време се вееја бројни француски знамиња, се скандираа за репрезентативците и поединечните играчи, а откако фудбалерите излегоа на балконот имаше и огномет и заднина исполнета со димни бомби.

    „Имавме бројни проблеми пред турнирот и за време на првенството, но и покрај тоа останавме обединети и вистински тим. Верувам дека нашите навивачи го препознаа тоа. Поразот во финалето се уште боли, но затоа дојдовме овде, со нашите навивачи, за утеха“, изјави францускиот голман Уго Лорис по враќањето во татковината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img