Четвртата и последна сезона од британската серија „Сексуално образование“ почна да се прикажува на Нетфликс минатата недела. А откако серијалот станаа популарен во повеќе земји, Француската агенција за планирање на семејството отвори бесплатна телефонска линија за тинејџерите кои ќе имаат прашања во врска со сексот, но и онакви поврзани со самото шоу.
Во Франција осамнаа постери наменети за младите меѓу 15 и 25 години. На постерите се напишани прашања поврзани со шоуто. Се води кампања за „борба за пристап до сексуално образование за сите“.
Како стана оваа серија толку популарна?
Шоуто ја следи приказната на срамежливиот тинејџер Отис (Аса Батерфилд) која станува секс-терапевт за своите врсници, а потоа бидува охрабрен од претприемачката Мејв (Ема Меки) за на крајот да сопствена клиника во средното училиште каде учи. „Шоуто беше нашироко фалено за искреноста, различноста и застапеноста на тешки теми“, пишува Би-Би-Си.
Во друга статија на Би-Би-Си каде се разгледува шоуто пишоува дека тоа „помогна и да се промени начинот на снимање на секс сцените станувајќи една од првите големи продукции што вработила посветен координатор за интимност“.
„Емпатијата и топлината се впиени од самиот почеток – како и изразениот носталгичен квалитет. Иако сексуалното образование е сместено во денешно време во Морддејл, измислено британско средно училиште, серијата има ретро американска естетика замислена како „омаж“ на иконите тинејџерски филмови од 1980-тите на режисерот Џон Хјуз“.
Понатаму во написот се додава:
„Ликовите носат јакни „спитфаер“ во стилот на универзитетот и учат да си веруваат еден на друг додека се потпираат на шкафчињата во средно училиште – исто како Моли Рингвалд во филмовите на Хјуз, на пример филмот „Шеснаесет свеќи“ од 1984 година“.
Писателката Луси Форд го поздравува шоуто затоа што тоа му дава „помалку сјај на сексот“ од многу други такви серии.
– За публиката (на серијалот) која е составена од млади луѓе, можам да замислам дека ова ја прави можноста за секс – без разлика дали го имаат или не – многу помалку застрашувачка – изјави таа за Би-Би-Си Култура.
„На некој начин, носталгичниот превез на шоуто создава еден вид визуелна удобност што им овозможува на писателите да се соочат со предизвикувачки и табу аспекти на сексуалната интимност“, се додава во написот.
За да ја промовира четвртата сезона од шоуто Нетфликс неодамна навлече кондом врз обеликс во Буенос Аирес. Видеото од ова „навлекување“ стана популарно на социјалните мрежи.