Францускиот претседател Емануел Макрон забележан е како танцува цела ноќ додека на улиците се одвиваа насилни протести поради полициското убиство на тинејџер во Париз.
Демонстрантите палеа автомобили, кршеа излози и се судрија со полицијата, која ангажираше дури 40.000 полицајци за да ги задушат насилните демонстрации.
Макрон беше критикуван затоа што во тој момент присуствувал на концерт на Елтон Џон, пишува „Daily Mail“.
– Додека Франција беше во пламен, Макрон не беше со својот министер за внатрешни работи или со полицијата, туку претпочиташе да му аплаудира на Елтон Џон – рече Тиери Маријани, пратеник во Европскиот парламент од Националната алијанса.
Во продолжение, погледнете го видеото: