Францускиот претседател проба да запее една традиционална песна со група млади парижани, „но и тоа е ризик за претседател кој се обидува да ја убеди Франција да прифати непопуларно зголемување на возраста за пензионирање“, пишува Би-Би-Си.
Уште повеќе, младите луѓе кои пееле можно е да биле екстремни десничари од групата „Проџет Канто“ која се залага за зачувување на традиционалните вредности. Младите момчиња го затекнале со неговата сопруга Брижит во понеделникот по одржувањето на неговиот говор.
Всушност, видеото првично беше објавено на Фејсбук страницата на организацијата за која весникот „Либерасион“ лани напиша дека е предводена од десничарски активисти. Додека пеел Макрон ги читал зборовите од песната на позната апликација од интернет.
Песните кои се понудени за пеење на апликацијата освен француски класици и детски рими, вклучуваат и песни поврзани со шпанската фашистичка Фаланга од 1930-тите и нацистичка Германија.
Многу корисници на Интернет се сомневаа дека снимката е лажирана со помош на вештачка интелигенција или други средства кога првпат се појави, но луѓе блиски до Макрон изјавија за АФП дека таа е вистинска.
Која песна ја пееше Макрон? Песната Refuge, или „Осама“(Закрила) која зборува за дом во Пиринеите, на границата меѓу Франција и Шпанија.
Неодамна, Макрон во тв-гостување мораше да го извади својот часовник вреден 80.000 евра зборувајќи за синдикатите и синдикалните права, а видеото брзо стана хит на интернет.
Големите протести во земјата започнаа откако беше најавено зголемување на старосната граница за пензионирање за две години.