Францускиот претседател Емануел Макрон се соочи со критики за време на посетата на Мајот, француски архипелаг во Индискиот Океан.
Локалните жители го пречекаа со свирежи и повици за негова оставка, па Макрон одговори:
– Јас не сум циклон. Не сум одговорен.
Макрон вчера пристигна во Мајот, пет дена откако циклонот Чидо предизвика огромна штета. Илјадници луѓе сè уште немаат пристап до вода, а спасувачите продолжуваат со напорите за пронаоѓање на исчезнатите лица. Макрон рече дека ја продолжил посетата во знак на почит.
Тој вети дека ќе испрати повеќе помош и додаде дека Франција го прогласи понеделникот за национален ден на жалост. Француските власти објавија дека најмалку 31 лице загинале, но се очекува бројот на жртвите да биде многу поголем, а илјадници сè уште се водат за исчезнати.
Голем дел од архипелагот сè уште е без електрична енергија.