More

    Француски инструктори ќе ѝ помагаат на украинската армија

    spot_img

    Русија вчера одговори со нова закана за ескалација на извештаите дека Франција наскоро би можела да испрати инструктори да и помогнат на украинската армија.

    – Ниту еден инструктор вклучен во обуката на украинската армија нема имунитет. Не е важно дали се Французи или не – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе АФП.

    Минатата недела, украинскиот врховен командант Олександр Сирски изјави дека француските инструктори наскоро ќе пристигнат во Украина.

    Францускиот претседател Емануел Макрон, кој ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела за време на 80-годишнината од  Денот Д во Франција, наскоро може да објави мала коалиција на земји, волни да испратат инструктори во Украина, објави Монд.

    Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека веќе има „специјални сили под маската на платеници“ во Украина.

    Државната новинска агенција ТАСС, пак, ја цитираше портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, која во контекст на инструкторите, изјави дека Москва добила извештаи за неодамнешното распоредување на француски војници во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img