Сè започна со Француската филмска вечер во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, со проекцијата на Канскиот победник – Златната палма за 2023 година, со „ ѓаволски добро сценарио„“ – „Анатомија на еден пад“.
„Среќна претстава “ /Паралелни стапки е насловот на танцовиот хепенинг којшто во сабота 21 октомври со почеток во 13,00 и 15,00 часот, на отворено, во паркот кај Саат кулата ќе биде сублимат на наученото во рамките на проектот Учиме и создаваме поинаку. Станува збор за регионален проект поддржан од Министерството за надворешни работи којшто нуди иновативен пристап кон изучувањето на францускиот јазик на забавен и креативен начин, како и модернизација на сликата за Франција меѓу младите луѓе.
Проектот ќе се одржи во три дела во различни уметнички домени (театар, танц, осмислување кореографија), а Центарот за културна деконтаминација и Француската алијанса во Битола, партнери на проектот, се воедно и домаќини на првиот дел од проектот на темата танц, придружен со доаѓањето на кореографот Давид Ролан.
За време на неговата посета на Битола од 16 до 21 октомври 2023 година, тој ќе одржи обука за наставниците по француски јазик како и работилници за учениците кои ќе бидат дел и од завршната коореографска манифестација.