More

    Франција во Обединетите нации ќе предложи резолуција за прекин на огнот

    spot_img

    Можно најлошото допрва ни претстои во војната што ја води Русија во Украина, изрази голема загриженост, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, јави дописникот на МИА.

    – Можеме да се плашиме од логика на опсада, на која Русите се навикнати – предупреди шефот на француската дипломатија на јавната во интервјуто за ТВ Франс 2, додавајќи дека треба да се потсетиме на Алепо, Грозни…

    Рускиот претседател Владимир Путин сака „негирање на Украина и негирање на демократска земја на нејзиниот праг“, тврди францускиот министер за надворешни работи.

    – Тоа е логиката. Приказната за Донбас и двете републики Доњецк и Луганск за кои зборувавме пред неколку дена беше алиби, тоа беше изговор. Волјата на Путин е да избегне на неговиот праг да има демократски модели кои на крајот можат да влијаат на развојот на Русија – објасни тој.

    Франција денеска ќе му предложи на Советот за безбедност на Обединетите нации усвојување на резолуција со која се бара прекин на огнот во Украина, потврди Жан-Ив Ле Дриан.

    Француското претседателство со Европската унија претходно најави дека Париз ќе го преземе овој чекор. Како постојана членка на Советот за безбедност, Русија има право на вето на резолуциите во СБ на ОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img