Локалните медиуми јавуваат дека против 88-годишниот актер е покрената истрага за поседување нелегално оружјеПолицијата ја пребарала куќата на францускиот актер Ален Делон и запленила 72 парчиња огнено оружје и поголема количина муниција, јавува Анадолија.
Обвинителството на Монтаржис вчера соопшти дека минатата недела бил извршен претрес во куќата на Ален Делон во областа Души во градот Лоара во централниот дел на Франција.
Во соопштението се наведува дека во куќата на 88-годишниот актер биле пронајдени 72 огнено оружје и повеќе од 3.000 куршуми.
Локалните медиуми јавуваат дека против познатиот актер е покрената истрага за поседување нелегално оружје.
Луксузната куќа на Делон вклучува и стрелиште.
Весникот „Ле Поинт“ пишува дека Делон е во лоша здравствена состојба и пред пет години доживеал мозочен удар. Одамна не е виден во јавноста, но страста кон огненото оружје ја има уште од младоста.