Франција објави фотка од претседателот кој боксира и се напрега

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Макрон сѐ почесто си ги покажува мускулите, а сега отиде и чекор подалеку откако неговата лична фотографка  на Инстаграм објави фотка од него како удира боксерска вреќа со напрегнат бицепс, објави Гардијан.

Објавата на фотографијата доаѓа неколку дена откако Макрон зазеде поостар став кон Русија и кон рускиот лидер Владимир Путин.

 

Филмот „Роки“ набргу почна да „трендува“ на социјалните мрежи, па неизбежно беше луѓето да почнат да се прашуваат дали црно белите  фотографии се „украсени“. Неверниците укажуваа на големината на неговите бицепси и споделуваа фотографии од него на кои боксува заедно со претходни слики од 46-годишниот Макрон во кои неговите раце му се послаби.

Други, пак, се пошегуваа и ги објавија овие слики снимени од фотографката Соазин де ла Мојсониjер, велејќи дека Макрон, вешт боксер, се подготвува да оди по Русија и по нејзиниот 71-годишен претседател Владимир Путин.

– Ако ја оставиме Украина на цедило и дозволиме да ја изгуби оваа војна, тогаш Русија ќе им се заканува на Молдавија, Романија и на Полска – рече Макрон.

И неговиот колега од Кремљ Владимир Путин, мајстор во овој жанр, е познат по фотографиите на кои гол ги покажува неговата атлетска градба, физичка сила и спортска форма.

Share This Article