More

    Франција ниту вечерва не го дозна името на премиерот

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва нема да назначи премиер, изјави близок пријател на Макрон без да даде нов рок, пренесува Ле Монд.

    – Одиме напред. Критериумите на претседателот остануваат „нецензура“, односно гаранција дека идната влада нема веднаш да биде отфрлена во многу поделеното Национално собрание – рекол блискиот пријател на шефот на француската држава.

    Француските медиуми претходно јавија дека Макрон вечерва најверојатно ќе соопшти кој ќе биде новиот премиер на Франција.

    Според француските медиуми, најголеми шанси да биде нов премиер во моментов има Гзавије Бертран од Републиканската партија. За назначувањето на идниот премиер Макрон разговараше со претседателот на Сенатот, Жерар Ларше, шефот на пратеничката група на републиканската десница Лоран Вокиер и шефот на републиканската група во Сенатот, Бруно Ретајо.

    Поранешниот премиер Бернар Казнев и Тиери Боде беа наведени од медиумите како потенцијални кандидати за премиер. Под притисок на опозицијата што поскоро да назначи нов премиер, францускиот претседател во Елисејската палата се сретна со неговите претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози, како и со Казнев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img