Франција ќе обезбеди пакет помош од 100 милиони евра за поддршка на Либан, изјави денеска претседателот Емануел Макрон на меѓународна конференција во Париз.
Макрон рече дека „што поскоро е потребна огромна помош за либанското население и за стотиците илјади луѓе раселени за време на војната, како и за заедниците што ги прифаќаат бегалците“.
Во Франција денеска се одржува меѓународна конференција за Либан за да се собере воена и хуманитарна помош за земјата во која во војната меѓу Хезболах и Израел се раселија милион луѓе и загинаа над 2.500 луѓе.
Организаторите се надеваат дека ќе соберат 426 милиони долари хуманитарна помош за која Обединетите нации велат дека е итно потребна.
Париз се обидува да помогне во обновувањето на суверенитетот на Либан и да ги зајакне неговите институции.