More

    Франција испрати уште еден воен брод во регионот на Блискиот Исток

    spot_img

    Франција го зајакнува своето воено присуство во водите на Блискиот Исток, со испраќање на уште еден, трет воен брод во таа област, за да се обезбеди мисијата „поморска безбедност“, соопшти денеска француската армија.

    Од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври, јеменските бунтовници Хути, во Црвеното Море и Аденскиот Залив, напаѓаат бродови за кои веруваат дека се поврзани со Израел. Хутите наведуваат дека тоа го прават во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

    Францускиот брод „Алзас“ е наменет за следење на безбедноста на трговските бродови.

    Генералштабот на француската армија изјави дека ова е придонес кон иницијативите за следење на безбедноста и слободното поморско движење во регионот како што е „Гардијан на просперитетот“, иницијатива именувана по коалицијата предводена од САД во Црвеното Море.

    Бродот „Алзас“ „минатата недела го премина Суецкиот канал за да стигне до Црвеното Море, каде што ќе изврши поморска безбедносна мисија“, додаваат од Генералштабот.

    Францускиот брод „Лангдок“, кој од декември собори неколку беспилотни летала испукани од Хутите, сега ќе патролира во Аденскиот Залив.

    Во тој простор се наоѓа и бродот за снабдување „Жак Шевалија“.

    Конфликтот меѓу Израел и Хамас ги зголеми регионалните тензии меѓу Израел и неговите сојузници од една страна, и Иран и неговите поддржувачи (како што се либанскиот Хезболах, јеменските Хути и ирачките паравоени сили) од друга страна.

    Поради нападот на Црвеното Море, меѓународната трговија е забавена, бидејќи 12 отсто од светскиот поморски трговски сообраќај минува низ теснецот Баб ел Мандеб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img