Франција и Венецуела би можеле да имаат подобри билатерални односи, му рекол францускиот претседател Емануел Макрон на својот колега Николас Мадуро на маргините на самитот за климатски промени КОП27 во Египет. Во долгиот говор снимен на видео, Макрон како да му се умилкува на претседателот кој само пред три години нејќеше да го признае за лидер на Венецуела. Тогаш, Макрон го призна Хуан Гуадио, миленикот на Западот, за претседател, пишува РТ.
Сега, работите се сменети.
„Потребата од нафта ве прави учтиви“, веднаш на интернет забележа левичарскиот претседателски кандидат Жан-Лук Меланшон, конкурент на Макрон. Тој мислеше на огромните резерви на јаглеводороди во Венецуела.
Снимката од разговорот меѓу Макрон и Мадуро ја објави венецуелскиот медиум Телесур. Во видеото, Макрон оцени дека Латинска Америка „се обединува“ и изразува желба да разговара за тоа како Франција би можела да одигра попозитивна улога на континентот. Тој му се обрати на венецуелскиот лидер како „претседател“.
– На ваша услуга. Наш делегат на конференцијата е Хорхе Родригез. Можете да разговарате со него со апсолутна доверба – одговори Мадуро.
Претходно, во 2019 година, кога лидерот на бунтовниците и миленик на САД, Хуан Гуаидо се прогласи за „привремен претседател“ на Венецуела, Франција го призна. Гуаидо ги предводеше прозападните протести против Мадури и изјави дека изборите во 2018, година претходно, биле наместени. Од тогаш Гуаидо неколкупати се обиде да направи пуч со помош на војската.
И покрај неговите прозападни аспирации Европската Унија престана да го признава Гуаидо како „претседател“ во јануари 2021 година и сега го гледа само како опозициски политичар.Причина за тоа е што Унија не го признава новоизбраното Национално собрание како легитимно.