Кортни Кокс (59) првпат е снимена по смртта на колегата од „Пријатели“ Метју Пери.
Странските папараци ја „уловија“ телевизиската сопруга на Пери, актерката Кортни Кокс, на вечера со своето момче. Кортни била видно вознемирена и потресена, додека се обидувала да го сокрие лицето од блицовите и камерите. Актерката не сакала да застане, па брзо влегла во својот автомобил и цело време имала тажен израз на лицето.
Кортни Кокс и Метју Пери 10 години глумеа заедно во серијата „Пријатели“ во која го одглумија љубовниот пар Чендлер и Моника.
Покрај нив двајца, главни улоги во серијата имаа и Џенифер Анистон, Лиса Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Лебланк.
Колешката на Пери од „Пријатели“ се збогува од него со заедничко соопштение во кое порачаа дека се целосно скршени и дека ќе им треба доволно време да ја преболат таа голема загуба.
„Бевме повеќе од колеги. Ние сме семејство. Имаме толку многу да кажеме, но токму сега ќе одвоиме момент за да тагуваме и да ја „обработиме“ оваа голема загуба. Со текот на времето ќе кажеме повеќе, но и кога ќе бидеме во состојба да го направиме тоа“, изјавила популарната петорка.
Метју Пери ненадејно почина на 54-годишна возраст, во џакузито во својот дом во Лос Анџелес. Точната причина за смртта сѐ уште не е позната.