More

    ФОТО / Израелци нападнати во Амстердам. Нетанјаху нареди испраќање на спасувачки авиони

    spot_img

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е информиран за деталите за „многу насилен инцидент“ чија цел биле израелските граѓани во Амстердам и наредил испраќање два спасувачки авиони за да им помогнат, соопшти неговата канцеларија во петокот.

    Министерството за национална безбедност на Израел ги повика своите граѓани во Амстердам да останат во хотелски соби, се вели во друго соопштение од кабинетот на премиерот.Amsterdam

    Израелската армија (ИДФ) соопшти дека се подготвува да испрати итна спасувачка мисија со координација на холандската влада. Мисијата ќе користи товарни авиони и ќе вклучува медицински и спасувачки тимови, соопшти ИД.

    „Навивачите кои отидоа да гледаат фудбалски натпревар наидоа на антисемитизам и беа нападнати со незамислива суровост само поради нивната еврејска и израелска припадност“, напиша израелскиот министер за безбедност Итамар Бен-Гвир во објава на X.

    Природата на нападот се уште не е позната.

    Amsterdam
    Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар побара од холандската влада да им помогне на израелските граѓани безбедно да стигнат до аеродромот. Саар ова му го кажа на холандскиот колега Каспар Велдкамп во телефонски разговор во петокот.

    Ајакс и Макаби од Тел Авив во четвртокот одиграа натпревар во Амстердам во рамките на Европската фудбалска лига.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img