Формиран е Совет за управување со јавни финансии

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на денешната 20. редовна седница донесе одлука за формирање на Совет за управување со јавни финансии, како највисоко координативно тело на Владата за следење на спроведувањето на реформите на управувањето со јавни финансии предвидени со Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии 2024 – 2027 година.

Советот, како што информираат од владината прес-служба, ќе го сочинуваат претседател и девет члена. Претседателка ќе биде министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, а членови министрите за европски прашања, за енергетика, рударство и минерални суровини, за јавна администрација, и за дигитална трансформација, како и директорите на Царинската управа на Управата за јавни приходи и на Бирото за јавни набавки, претседателот на Државната комисија за жалби по јавни набавки и главниот државен ревизор.

„Основни работи на Советот се да ги презема потребните активности при остварување на реформските цели на Програмата, да го разгледува и одобрува Предлог-годишниот акциски план за спроведување на Програмата, пред негово усвојување од страна на Владата, да го следи спроведувањето на Програмата и Годишниот акциски план за спроведување на Програмата во однос на утврдените резултати, показатели и таргети, да ги разгледува, дава мислења и препораки за полугодишниот и годишниот извештај за напредок во спроведувањето на Програмата и на Годишниот акциски план за спроведување на Програмата кои се доставуваат на усвојување до Владата. Покрај тоа, Советот треба да предлага мерки што влијаат врз временската рамка за спроведување на активностите, да предлага мерки поврзани со финансирање на активностите во рамките на Програмата, да обезбедува тесна соработка помеѓу релевантните институции вклучени во реализација на активностите, да решава кои било прашања поврзани со координација помеѓу засегнатите страни, да води дијалог за политиките на високо ниво со донаторите и другите засегнати страни за спроведување, финансирање и опфат на реформата на управување со јавни финансии. Советот треба и да следи и дава насоки за обезбедување на широка општествена поддршка за планираните реформи на управувањето со јавните финансии, да го води процесот на среднорочна и конечна процена на целите и резултатите на Програмата и предлага промени на мерките и активностите утврдени во Програмата и заеднички да ги разгледува критичните точки или тесни грла во понатамошното спроведување на Програмата, и предлага и презема корективни активности за решавање на идентификуваните проблеми (во поглед на процесот на управување со ризици)“, информираат од Владата.

Share This Article