Формалности ја делат ПОА од интеграција во МПЦ-ОА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од извори во СПЦ, само неколку формалности ја делат Православната охридска архиепископија (ПОА) од целосна интеграција во Македонската православна црква (МПЦ-ОА), дознава Плусинфо.

Имено, владиците од ПОА денеска добиле отпуст кој треба да стапи на сила за време на првата заедничка литургија во Скопје или во Охрид на 5 јуни, вториот ден на празникот Педесетница (Духовден).

Како што и претходно објавивме, архиепископот охридски и митрополит скопски г.г. Јован од ПОА наводно ја прифатил титулата митрополит крушевско-демирхисарски во МПЦ-ОА, но засега сѐ уште не е познато дали тој ќе ја задржи и титулата „поранешен архиепископ“.

Според нашите извори од Белград, актуелниот епископ брегалнички г. Марко од ПОА најверојатно ќе биде епископ делчевско-каменички во МПЦ-ОА, а актуелниот епископ полошко-кумановски г. Јоаким ќе биде епископ илинденско-дељадровски во МПЦ-ОА.

Единствениот викарен владика во ПОА, епископот стобиски г. Давид, најверојстно ќе си остане викарен владика и во МПЦ-ОА, односно ќе му биде помошник на архиепископот г.г. Стефан. Неговата титула засега сѐ уште не е одредена, бидејќи во МПЦ-ОА веќе има еден епископ стобиски, г. Јаков.

Share This Article