Автомобилскиот гигант „Форд“ повлекува речиси 43.000 мали теренци бидејќи е откриено дека бензинот може да истече на жешките површини на моторот, зголемувајќи го ризикот од пожари.
Компанијата соопшти дека се повлекуваат „bronco sport“ од 2022 и 2023 година, како и „escape“ од 2022 година, сите со 1,5-литарски мотори.
Од компанијата појаснуваат дека инјекторите за гориво може да пукнат, а бензинот или пареата од бензин може да се приближат до многу жешки површини, што може да предизвика пожар.
Сопствениците на сите спорни автомобили ќе бидат писмено известени што да прават.
Компанијата соопшти дека има извештаи за 5 пожари под хаубата и 14 гарантни замени на инјектори за гориво, но немало падови или повредени во двата случаи. Проблемот е забележан кај еден процент од теренците.
Најавено е и дека ќе има продолжена гаранција за инјекторите за гориво, така што сопствениците кои имаат проблем ќе можат да ги заменат.