Тренерот на Милан Пауло Фонсека искажа критики за играта на својот тим на натпреварот со Црвена ѕвезда во 6. коло од Лигата на шампионите.
Милан победи со 2:1 со гол постигнат во финишот на мечот по спорен момент.
– Јас сум човек кој не се задоволува само со резултатот. Точно е тоа дека најважно е што победивме и сме во добра позиција, но не сум задоволен сум од настапот на тимот – изјави Фонсека по мечот со српскиот шампион.
Милан со 12 бода се наоѓа на 12. место во поредокот, Црвена ѕвезда е 31. со три бода.