More

    Фондот за здравство води битка со хакерите

    spot_img

    Системот „Мое Осигурување“ функционира за сите осигуреници во цела држава, со тоа што поради технички усогласувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот, информираа од Фондот за здравствено осигурување.

    „До овој момент ‘Мој термин’ ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во ‘Мој Термин’. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување“, соопштија денеска од ФЗОРСМ.

    Оттаму информираат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. Очекуваат во текот на денот враќање и на останатите системи.

    Сите информации, како што најавуваат, веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img