Фондацијата на Врабевски велат дека бугарските здруженија ќе го почитуваат законот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарските здруженија ќе направат сè што е потребно да продолжат да постојат во согласност со сите закони во Северна Македонија, велат од Фондација „Бугарско сеќавање“ на бугарскиот бизнисмен и филантроп Милен Врабевски. Фондацијата на барање на бугарската држава ги финансира овие здруженија во Македонија.

Бугарските здруженија „Иван Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид, кои се директно засегнати од новите измени на Законот за здруженија и фондации со кои се забранува именување здруженија според спорни историски личности кои се поврзани со фашизам, имаат рок од три месеци да ги усогласат своите имиња а доколку не го сторат истото ќе бидат избришани од Централниот регистар

Од Фондацијата за Радио Слободна Европа велат дека како земја членка на Европската унија, секогаш постапуваат по закон, и доколку никој не ги обжали на повисоко ниво измените на Законот за здруженија, бугарските здруженија ќе го почитуваат тоа.

Од бугарското МНР пак сметаат дека Законот ќе го ограничи правото на здружување на Бугарите во Македонија.

Share This Article