More

    Фон дер Лајен ги охрабри пратениците да го прифатат предлогот

    spot_img

    Заедно го следевме сонот за една ЕУ и заедно ќе го претвориме сонот во реалност. Мора да го свртиме погледот напред, да ги започнеме пристапните преговори и да го предводиме патот што ве води во ЕУ. Тоа може да го направиме уште наредната недела со прифаќањето на ревидираниот француски предлог. Сите се запознаени со предлогот кој ги штити фашите интереси. Вие сте уверени дека ЕК секогаш била на страната на оваа држава и ќе продолжи да биде на ваша страна секогаш. Убедени сме дека ова е историска одлука. Но одлуката е ваша и само ваша. На крајот станува збор за вашиот пат. Доколку одлучите да го прифатите ревидираниот француски предлог, ќе се организира политичка меѓувладина конференција, а Европската комисија веднаш ќе започне со скрининг на европското право, што е првиот чекор во преговорите за зачленување. Тогаш ќе воспоставиме преговарачки тим во вашиот главен град, порача претседателската на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, при денешното обраќање пред македонското Собрание.

    – Како и во секоја демократија го слушаме другиот, ги слушаме аргументите на другиот. Вие ме слушате мене, а јас вас. Ги слушав загриженостите за јазикот и идентитетот. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ќе го повторам тоа, нема сомеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои јасно македонски јазик без кваливикација од ЕУ. Предлогот го почитува исто така и вашиот национален идентитет. Може да сметате на мене дека процесот за преговори строго ќе ги почитува европските принципи и стандарди. Имате успешно мултиетничко општество. Покажавте интерес за владеењето на правото, за заштита на човековите права, тоа се европски вредности. Измената на Уставот за зајакнување на основните права ќе зајакне вашата посветеност за овие вредности и ова автоматски ќе ја заврши почетната фаза на преговорите – истакна претседателката на ЕК.

    Таа потенцираше дека историјата не е услов во пристапните преговори со ЕУ.

    – Ве охрабрувам да ја искористите оваа можност, со затворањето на оваа врата Северна Македонија се казнува со останување надвор од преговорачкиот процес. Ова е тоа што го сака младата генерација. Тие ја сакаат својата држава и тука сакаат да ја градат својата иднина. Да им ја отвориме следната важна врата за нив. Колкумина од вас имаат деца? Некои имаат и внуци. Сите заедно сакаме да погледнеме наназад и да кажеме дека сите наши деца и внуци се дел од европското семојство. Живееме во многу тешки времиња. Пандемијата се протега во третата година. Руската инвазија во Украина предизвика катастрофална криза на храната. Ќе ги совладаме заедно проблемите, ако сме демократии, ако сме една Унија. Стојте цврство со ЕУ, вие сте вистински партнер од доверба. Сега е на вас да го направите одлучувачкиот чекор. Ќе завршам со цитат на покојниот претседател Трајковски. Секојдневно размислувам за две работи, што е правилно, а што погрешно да се направи. Мојата визија е мира, мојата визија е просперитет. Европа не целосна без Северна Македонија – посочи Фон дер Лајен.

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа на седницата, носејќи маички на кои беше истакнато НЕ за францускиот предлог.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img