Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ укинува 1.000 работни места, поради намалената продажбата на електрични автомобили.
Според извештаите на медиумите, фабриката на автомобилскиот гигант во Цвикау која произведува електрични автомобили најави дека е принудена да ги намали работните места за да продолжи да работи. За почеток нема да им ги продолжи договорите на работниците потпишани на определено време, а се укинува и третата смена.
Компанијата објави и дека побарувачката за електрични автомобили не е според планот, па мора да го намали производството, а со тоа и работните места. Во август треба да се постигне договор за тоа колку навистина е потребно да се намали бројот на работници.
Во оваа фабрика работат околу 9.400 работници.