More

    Фицо му се восхитува на Орбан за посетите на Киев и на Москва

    spot_img

    Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера за првпат се појави во јавност откако беше тешко повреден во обид за атентат и одржа говор за време на вечерната прослава на Денот на Кирил и Методиј кој е државен празник во Словачка.

    Во својот говор тој го пофали својот унгарски колега Виктор Орбан за неговите посети на Киев и Москва оваа недела.

    – Сакам да изразам восхит кон унгарскиот премиер што не се двоумеше да ги посети Киев и Москва. Ако здравјето ми дозволеше да патувам, со задоволство би му се придружил – изјави Фицо.

    Словачкиот премиер беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула со неколку куршуми на 15 мај по состанокот на владата во градот Хандлова. Фицо потоа беше опериран и во последните недели закрепнуваше дома.

    Орбан вчера пристигна во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Потегот на Орбан предизвика незадоволство кај лидерите на Европската унија, кои јасно ставија до знаење дека унгарскиот премиер нема да го претставува Брисел за време на неговиот престој во Русија.

    Орбан изјави дека Унгарија може да стане единствената земја во Европската унија која одржува врски и дијалог и со Русија и со Украина. Претходно тој го посети Киев, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img