Фирмата „Рајнметал“ планира да испорача и 100 оклопни транспортери

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ понуди на Украина да ѝ продаде 88 половни борбени тенкови „Леопард“. Понудата вклучува и обука во Германија, резервни делови и муниција, јави ДПА.

Како што е наведено, минатата недела било поднесено барање до Министерството за економски прашања за да се одобри набавката.

Германската влада доби уште едно барање од „Рајнметал“ – за испорака на 100 оклопни транспортери „Мардер“ за Украина. Владиниот портпарол Штефен Хебешрајт изјави дека одлуката ќе биде донесена наскоро.

Весникот „Велт“ пишува дека „Краус-Мафеј Вегман“ сака да испорача 100 самоодни хаубици способни да погодат цели на 40 километри.

Share This Article