More

    Фирмата беше вмешана во првиот корупциски скандал на владата на Заев, потсетува Николоски од ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Министерката за одбрана Славјанка Петровска ѝ должи одговор на јавноста зошто и како токму компанијата „Леонардо“ од Италија е избрана за од неа да бидат набавени хеликоптери во вредност од 250 милиони евра, а не се избрани другите компании кои конкурирале – голем француско-германски конзорциум, како и шведски и американски производител, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање.

    – Зошто е избран токму „Леонардо“, и дали причината за изборот е огромниот корупциски скандал кој беше прв на владата на Зоран Заев, а тоа е набавката на радарски систем од страна на компанијата „Леонардо“, кој според разговорите кои ги слушнавме во јавност, чинел 1 милион евра повеќе од проценетата вредност, за што тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски заврши во затвор. Се дава набавка на компанија која е веќе поврзана со огромен скандал во Македонија. Ова покажува расипничко трошење и за ова ќе има одговорност, ако е прекршен законот – истакна Николоски.

    Во летото 2019 година опозицијата го обвини Рашковски дека е вмешан во тендерска афера за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ), откако беше објавен аудиоразговор со транскрипт во јавноста поврзан со оваа набавка.

    Опозицијата го обвини Рашковски дека интервенирал во јавна набавка за која нема ингеренции, по што од ВМРО-ДПМНЕ до обвинителството поднесе кривична пријава. Но, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција не утврди ништо спорно и ја отфрли пријавата. Аферата тежеше 7 милиони евра.

    Во целиот случај е интересно тоа што целокупната постапка во врска со овој тендер била завршена од претходната влада, на Никола Груевски. Изборот на италијанската компанија „Леонардо“ бил завршен, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) која го финансира овој проект дала согласност, сите документи биле потпишани и градбата и инсталирањето на опремата требаше да почне уште во 2017 година, но се одолговлечи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img