Средовечниот Владимир Путин игра пинг-понг со некогашниот градоначалник на Санкт Петербург и неговите телохранители, а на себе носи само бела маичка. Потоа, во тренирка игра пикадо. Ова може да се види на ексклузивни снимки кои го објави финската телевизија „YLE“. На аматерскте видеа од непознат автор актуелниот претседател на Русија има околу 40-тина години.
Во тоа време тој му бил советник на градоначалникот на Санкт Петербург, Анатолиј Собчак. Според прилогот на финската телевизија, по партијата пинг-понг друштвото тргнало на риболов. Се вели дека Путин престојува во вила која била во сопственост на финска компанија којашто увезувала дрва од Русија.
Вилата се наоѓала на островот Торсо, околу 95 километри западно од Хелсинки, на јужниот брег на Финска. На видеата се гледаат и нивните две ќерки Марија и Катерина. Се случува некаков ручек. Прикажана е тогашната сопруга на Путин, Људмила, која успева да улови риба.
Се смета дека снимката е направена во 1990-тите кога Путин се вратил во Санкт Петербург откако пет години во Дрезден бил разузнавач на КГБ. Самиот Путин тврдеше дека излегол од КГБ во знак на протест против неуспешниот пуч против Михаил Горбачов.
Путин му се прикучил на тимот на Собчак што понатаму ќе го донесе до други високи позиции. Од тоа време потекнуваат многу коруптивни скандали поврзани со нив двајца. Финската телевизија „YLE“ пишува дека во тие години Путин бил чест посетител на Финска.
Според изворот на Путин за време на неговата посета на Финска признал дека работел за шпионска агенција. Изворот ја опиша Људмила, сопругата на Путин, како „многу пријатна“.
Изворот вели и дека Путин зборувал многу малку во вилата. Актуелниот претседател на Русија тогаш поставил само едно прашање: што ќе се случи ако „милион и пол Руси ја преминат границата со Финска?“