More

    Финска ќе протера девет вработени во руската амбасада

    spot_img

    Финска планира да протера девет вработени во руската амбасада во Хелсинки, објавија во вторникот финскиот претседател Саули Ниинисто и владата во Хелсинки, јавуваат странските новински агенции. Деветмината наводно работеле за руската разузнавачка служба и ја прекршиле Виенската конвенција за дипломатски односи.

    Како што изјави претставник на финското Министерство за надворешни работи за француската новинска агенција АФП, одлуката за протерување е заснована на проценка на Финската безбедносна разузнавачка служба (SUPO). Таа на социјалната мрежа Твитер напиша дека протерувањето на вработените во амбасадата е голем пораз за руската разузнавачка служба во Финска.

    Односите меѓу соседните земји се влошија по руската инвазија на Украина, кога Финска ја прекина својата децениска политика на неутралност и стана најновата членка на НАТО во април.

    Во февруари, Финска, исто така, почна да гради пилот-проект за ограда од 200 километри на границата со Русија, бидејќи Хелсинки стравува дека Москва може да го искористи протокот на мигранти преку границата за политички притисок. Финска има најдолга граница со Русија меѓу сите членки на Европската унија, долга 1.340 километри.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img