Финансиско работење на АК Охрид ТрчаТ и детали за нивните настани,се повикуваат Елена Петрова и Слободан Иваноски да се подразбудат!!!

Saso
By Saso 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Невладината организација Атлетски клуб Охрид ТрчаТ во последните години стана препознатлива во локалната заедница и, според некои наводи, миленик на сите политички партии кои се менуваа на власт во Охрид. Меѓутоа, финансиското работење на оваа организација отвора низа сериозни прашања на кои надлежните институции сè уште немаат дадено одговор.

Сомнителни финансиски податоци

Според податоците од завршната сметка на организацијата за 2024 година, Охрид ТрчаТ пријавил приходи во висина од 6.425.880 денари. Она што е особено интересно е дека расходите за истата година изнесуваат точно исто – 6.425.880 денари, создавајќи слика на совршено балансирано финансиско работење, нешто што во реалната економија се случува исклучително ретко и буди сомнежи за точноста на прикажаните податоци.

Котизации и настани

Трката на 21 километри е тркачкиот професионален дел од целиот настан Охрид трчаТ. Таа пред се е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари кои сериозно влегуваат во борба со времето и спортските конкуренти за подобро место на трката.

Стартен пакет вклучува:

  • Dry-fit маица
  • Стартен број со чип (на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата доколку го запазите рокот)
  • Медал на крај од трката
  • Ранец
  • Освежување и овошје
  • Онлајн диплома
  • Подарок од пaртнерите на трката
  • Попуст од пaртнери
  • Осигурување за време на траење на трката
  • Ваучер паста забава (30 Мај, Петок во 21:00 ч.)
  • Разгледување на стариот дел од градот со професионален водич
  • Акредитација со попусти и бесплатни влезници
  • Масажа после трка
  • Закрепнување (истегнување)

Котизација:

  • од 15 до 30 Септември 2024: 1200 ден
  • од 1 Октомври 2024 до 31 Јануари 2025: 1500 ден
  • од 1 Февруари до 18 Мај 2025: 1800 ден

Регистрацијата се затвара на 18 Мај 2025, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 900 денари за 5км и 1800 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.

Напомена: Првите пет атлетичари/ки на ранг листата за полумаратон за 2024 година при Атлетската Федерација на С. Македонија се ослободени од плаќање на котизацијата за учество.

Награден фонд (жени / мажи):

  • 1 место: 300 EUR
  • 2 место: 200 EUR
  • 3 место: 100 EUR

Првите 3 места на трката од 21км (жени и мажи) покрај паричните награди ќе бидат наградени и со статуетка, диплома, букет цвеќе, оригинален охридски бисер од Филеви, подароци од партнерите. Паричните награди ќе бидат исплатени на трансакциска сметка во рок од 30 дена во денарска противредност.

Финансиски нерегуларности

Со котизација од 1.800 денари по учесник и со наведени преку 3.000 учесници на нивните настани, само од овој извор организацијата би требало да приходува минимум 5.400.000 денари.

Особено загрижувачки е фактот што котизација се наплаќа и од учениците од основните и средните училишта, иако се работи за непрофитна организација чија мисија би требало да биде промоција на спортот и здравиот начин на живот, особено меѓу младата популација.

Дополнително прашање отвора фактот дека, иако организацијата нема формално вработени лица, во графата расходи е прикажан износ од 2.298.331 денари на име „надоместок на трошоци за граѓани и работници”. Ова покренува сериозни дилеми за тоа кому и врз основа на кои договорни односи се исплатени овие средства.

- Advertisement -
Ad image

Судир на интереси

Особено проблематична димензија на работењето на Охрид ТрчаТ е поврзаноста со Јоне Станкоски, кој истовремено функционира како раководител на секторот за спорт и млади во Општина Охрид и како лице поврзано со Атлетскиот клуб Охрид ТрчаТ. Оваа двојна улога создава класичен пример на судир на интереси.

Како раководител на општинскиот ресор за спорт и млади, Станкоски имал позиција и моќ да влијае врз одлуките за распределба на општинските средства за спортски организации. Постојат индикации дека тој ја искористил својата позиција за да насочи значителни средства кон невладината организација Охрид ТрчаТ, со која е тесно поврзан.

Ваквиот судир на интереси го нарушува принципот на непристрасност во распределбата на јавните средства и создава оправдани сомнежи за злоупотреба на службената положба за лична или организациска корист.

- Advertisement -
Ad image

Недостаток на институционална контрола

Со вакви бројки на учесници и висина на котизации, како и со значајни спонзорства од компании како Костал, Македонски Телеком, Би Милк и други корпоративни поддржувачи, логично е да се постави прашањето: дали сите приходи се соодветно евидентирани и пријавени во финансиските извештаи?

Интересен е и системот на варијабилни цени на котизациите, кои зависат од тоа кога се уплаќаат – пет, три или два месеци однапред, што дополнително го комплицира следењето на реалните приходи на организацијата.

Доколку се погледне и завршната сметка за правното лице Здружение на граѓани АК Охрид Трчат, јасно се гледаат неправилностите во финасиското работење. Директорката на Управата за Јавни приходи на Северна Македонија, најмалку од нејзе што се очекува е конечно даночните испектори да ги испрати во контрола на работењето на АК Охрид Трчат, а не да се залагаат по секоја цена овој правен субјект да нема контрола, поточно се избегнува контролирање на АК Охрид Трчат, а од друга страна се затвараат цели маркети, затоа што не издале фискална сметка за една мастика?!

Исто така и Управа на Финасиска полиција на РСМ предводена од директорот Сободан Иваноски, не треба да глумат статисти во криминалната Комедија Охрид Трчат.

Заклучок

Јавноста има право да знае како се трошат средствата собрани од граѓаните и од корпоративните спонзори, како и јавните средства од општинскиот буџет. Особено загрижува практиката на наплата на котизации од ученици, како и двојната улога на општински раководител кој влијае врз распределбата на средства за организација со која е лично поврзан.

Потребна е детална и независна финансиска ревизија на работењето на оваа организација, со цел да се утврди дали постојат финансиски нерегуларности, дали сите приходи и расходи се соодветно евидентирани и законски оправдани, како и да се испита потенцијалниот судир на интереси во распределбата на општинските средства.

П.С.( Знаеме за тоа како одредени полициски службеници и даночни испектори,на име спознорство за Охрид Трачат,се подновувале фамилијарно со спортска опрема,која донација од охридски бизнисмени била доделена за Охрид Трчат!!! Ке ги објавиме сите до еден,криминалот не може да биде охридска култура)

С.Денеосвски

Share This Article