Финансискиот менаџмент ѝ го одреди академскиот пат

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт е новиот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, откако преку директно гласање во кое учествуваа редовни, вонредни професори, доценти, како и студенти членови на универзитетските студентски собранија, беше избрана за прв човек на најстарата образовна институција во земјава.

Ангелова ќе го наследи актуелниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ректор на Скопскиот универзитет ја извршуваше два мандата.

Таа ќе биде втората жена-ректор на УКИМ. Единствена ректорка на УКИМ досега била проф. д-р Радмила Кипријанова, и тоа во два мандата, во периодот од 1994 до 1998 година.

Ангелова во Економскиот институт е вработена од 1992 година, каде во континуитет била избирана во сите научни и наставно-научни звања. Во 2007 година првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловни финансии, а во 2012 година повторно е избрана во редовен професор во областа на финансиски менаџмент.

Во периодот 2006 – 2008 година била раководител на втор циклус студии по Меѓународен менаџмент, а од 2008 година до денес раководи со насоката Финансиски менаџмент. Била прв раководител на студиите од трет циклус по организациски науки – менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот 2012-2016 година. Од ноември 2009 до септември 2016 година била директор на Економскиот институт.

Во јуни 2016 година е избрана за проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која функција е и вторпат избрана и во 2020 година за мандатниот период 2020-2023 година. Од 2016 до 2023 година е претседател на Комисијата за финансии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Комисијата за издавачка дејност на Универзитетот.

– Навистина сум среќна за мојата нова функција. Сакам да бидам предводник на промените кои ќе го подобрат УКИМ. За добар квалитет во високото образование предуслов е да се воспостават цврсти релации во триаголникот: високо образование и наука – бизнис сектор – јавни институции, а за да го подобриме образованието потребно е создавање на центри на извонредност и зајакнување на истражувачките и иновативните капацитети кои се клучни фактори на успех за долгорочниот економски развој на земјата – изјави проф. д-р Ангелова по објавувањето на резултатите од изборите на кои таа доби 392 гласа.

Што поседува новата ректорка?

Новата ректорка Ангелова во својот анкетен лист, пополнет кај Државната комисија за спречување корупција, има пријавено недвижен имот, на лично име две куќи од 420 и 90 квадратни метри, како и еден стан од 78 метри квадратни метри, сите во Скопје. Пријавила и недвижен имот на сопругот, две куќи од 150 и 50 квадратни метри во Скопје и во Маврово, како и стан во Охрид од 70 квадратни метри. 

- Advertisement -
Ad image

Од движен имот Ангелова пријавила три возила („сузуки“ и „хонда“ на име на сопругот и „лексус“ на свое име), златен накит во вредност од 1 милион денари, акции од 1,5 милиони денари, како и девизни банкарски заштеди од 435.000 и 61.000 од валута која не е прецизирана во имотниот лист. Има и трансакциски денарски сметки со 260.000 денари на нив. 

Проф. Ангелова е член е на повеќе комисии, институти, како и надзорни, управни и академски одбори.

Share This Article