Филмот на Митевска ќе се прикажува во шест земји

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција и Торонто минатата есен и одличниот прием од страна на светската критика и големиот интерес за интернационална кино дистрибуција кој започнува годинава.

Во текот на февруари и март “Најсреќниот човек на светот“ се отвара во редовна кино дистрибуција дури во шест европски земји. Светската дистрибуција ја започнува во Франција каде филмот ќе се прикажува во 37 кино сали низ цела Франција. Кино прикажувањето на филмот во Франција е водена од Пирамид, една од најпрестижните и најдобрите дистрибутерски куќи во Франција и Европа, кој го дистрибуиташе и претходниот филм на Теона „Господ постои нејзиното име е Петрунија“. (http://distrib.pyramidefilms.com/pyramide-distribution-a-l-affiche/l-homme-le-plus-heureux-du-monde.html)

Како и во Франција, позитивните критики не стивнуваат и во Шведска каде филмот се отвори во кино салите на 31. март. Емотивната премиера во Босна беше проследена со долги аплаузи и овации и филмот ќе се прикажува низ кината во оваа земја во наредниов период. По Босна и Херцеговина следува дистрибуцијата на филмот во Данска, Италија и Швајцарија. Во Италија дистрибутерската куќа Теодора, охрабрени од успехот на „Петрунија…“ и големиот медиумски интерес по Венеција подготвуваат најширока кино дистрибуција на “Најсреќниот човек…“ низ цела Италија која започнува во април.
Промоцијата на филмот низ светот продолжува во силен ритам исто така и со настапи на бројни престижни фестивали. Во месец март и април „Најсреќниот човек на светот“ патува на дванаесет фестивали нив целиот свет. Започнувајќи со филмскиот фестивал во Мајами, од каде продолжува на Софискиот филмски фестивал, па на Картагена филмскиот фестивал во Колумбија. Потоа во Шпанија на фестивалот во Барселона, па Кливленд филмскиот фестивал во САД, па повторно во Франција каде веќе освои неколку награди, овој пат во Лунел, па во Полска на филмскиот фестивал Еуроазија, како и во Краков Оф Камера филмски фестивал, потоа на филмскиот фестивал во Висконсин во САД, па во Њујорк и Милвоки. Априлската тура на овој филм завршува со прикажување на два фестивала каде Теона е член на жиријата, прво во Истанбул, а потоа и во Линц, Австрија на Кросинг Европа фестивалот, каде Теона ја освои првата награда со своето првенче “Како убив светец“.

Пролетта филмот ќе отвори низ кината во Латинска Америка, Азија и други земји низ Европа за што дополнително и навремено ќе ве информираме.

Ви благодариме за соработката и интересот за филмот и пренесувањето на информациите до нашата културна јавност која секако се радува на овие успеси и признанија за нашата култура во светот.

Share This Article