Филмот „Барби“ за многу кратко време стана голем хит во светот, а интересно е што во песната за филмот се препознаа многу мажи на кои не им е возвратена љубовта.
Песната се вика „Јас сум само Кен“ (I’m Just Ken), која ја напиша Марк Ронсон. Иако песната на почетокот изгледа смешно, многумина се поистоветуваат со стиховите што ги пее повредениот Кен (Рајан Гослинг).
„Не е важно што правам, јас сум секогаш на различно место. Никој не знае колку напорно се трудев. Имам чувства кои не можам да ги објаснама, а кои ме излудуваат. Целиот свој живот бев љубезен, но вечерва ќе спијам сам“, се некои од нив.
Интересно е што на снимањето учествувале легендарниот гитарист на „Ганс енд роузес“, Слеш и тапанарот на „Фу фајтерс“, Џош Фриз. Синглот набрзо стана хит.
„Отидов да ја гледам „Барби“ за да се забаавувам. Никогаш не ни замислував дека песната ќе ме расплаче“, „Текстот совршено го опишува мојот живот. Таа не ме забележува“, „Другари, може ли сите да се согласиме дека барем еднаш во животот се чувствувавме вака?“, се некои од коментарите.
Гослинг инсистирал тој да ја отпее песната. Ронсон изјавил дека вокалните способности на актерот го изненадиле.
„Се трудеше песната да не стане пародија, но очигледно е дека во некои моменти е смешна. Беше навистина неверојатен. Кога почна да ги пее високите ноти, помислив колку тој е всушност моќен пејач”, рекол тој.