More

    „Филипс“ планира да подели 6.000 откази до 2025 година

    spot_img

    Холандската компанија „Филипс“ планира да  укине неколку илјади работни места за да ја подобри профитабилноста на компанијата, откако  имаше проблеми со пласманот на респиратори што, пак, влијаеше на пад од 70 отсто на пазарната вредност на компанијата.

    Како што објави компанијата во последниот деловен извештај, годинава планира да отпуште од работа околу 3.000 работниц и уште толку се во план да бидат отпуштени во 2025 година. Во котомври лани компанијата најави откази за 4.000 работници.

    На крајот на септември минатата година Филипс имал нешто повеќе од 79.000 вработени.

    Податоците за финансиските резултати на компанијата покажуваат дека во последниот квартал лани  имала загуба од 105 милиони евра. Истиот период од претходната година затвориле со нето добивка од 151 милион евра.

    Прилагодената заработка за четвртиот квартал пред камати, даноци и амортизација (EBITA) од 651 милион евра е речиси иста со 647 милиони евра една година порано.

    – 2022 година беше „многу тешка“ за Philips, па менаџментот одлучи да преземе решителни мерки со цел „итно“ да ги подобри работењето и перформансите – нагласи извршниот директор Рој Џејкобс.

    Холандската компанија лани беше принудена да повлече  милиони вентилатори што се користат за лекување на апнеја при спиење поради загриженоста дека пената што се користи во машините може да стане токсична.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img