Поранешниот министер за здравство Венко Филипче најави револуционерна метода за лекување на Паркинсоновата болест која досега не се реализирала кај нас, со хируршка интервенција.
На неговиот фејсбук-профил Филипче сподели видео на кое говори како ќе се реализира лекувањето на болните од оваа болест.
– Станува збор за вградување на специјална метода во мозокот којашто е поврзана со поткожна батерија како за пејсмејкер, со која што се стимулираат центри коишто го запираат во истиот момент на активација тресењето на рацете, на нозете, на главата кај пацинетите коишто имаат Паркинсонова болест и со тоа значајно се подобрува квалитеетот на нивниот живот – рече Филипче.
Видеото на кое Филипче зборува за новата метода може да го погледнете на следниот линк.