ФИФА подготвува шокантна промена на Мундијалот, виновен е турнирот во Катар

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - FIFA World Cup Qatar 2022 - Final - Argentina v France - Lusail Stadium, Lusail, Qatar - December 18, 2022 A robe is put on Argentina's Lionel Messi by Emir of Qatar Sheikh Tamim bin Hamad Al Thani as FIFA president Gianni Infantino looks on during the trophy ceremony REUTERS/Hannah Mckay

Аргентина стана светски првак во Катар откако во финалето ја совлада Франција по подоброто изведување на пенали на турнирот кој за првпат се организираше во зимскиот период.

Иако тоа беше турнир со многу критики, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино беше исклучително задоволен, а се чини дека има нови идеи.

Посебно му се допадна идејата за турнир во средината на сезоната, во зимските месеци, поради што почна се повеќе да размислува за нови промени и дојде до таква што на многумина нема да им се допадне…

„Дејли мејл“ пренесува дека на секои четири години можеме да заборавиме на Светското првенство, а тоа би можело да се игра почесто.

Тие ја пренесуваат информацијата дека Инфантино има идеја дека Светското првенство во иднина ќе се игра на секои три години бидејќи според ФИФА ќе биде далеку поисплатливо.

Не се можни промени за следните два турнира, односно нема стравувања дека турнирите закажани за 2026 и 2030 година ќе се променат, но многу е сигурно дека ФИФА во меѓувреме ќе направи фудбалска револуција. Тоа би значело дека турнирот закажан за 2034 година се игра една година порано, па дури и повторно се игра во зима.

Неофицијално, Инфантино оваа поддршка ја добил од земјите во Африка и Азија, додека претходно двете највлијателни организации – УЕФА и КОНМБЕБОЛ веќе биле против идејата на Арсен Венгер турнирот да се одржува на секои две години. Се чини дека ова на секои три би можело да биде компромисно решение.

Share This Article