ФИФА казни 11 клубови, без регистрација на играчи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) казни дури 11 клубови од Кипар со забрана за регистрација на играчи.

Од 11 казнети клубови, четири се од првата лига, а ФИФА на сите им забрани да регистрираат играчи за јануарскиот преоден рок поради долгови кон играчите.

Забраната ќе биде укината само со исполнување на обврските кои ги имаат кон клубовите.

Меѓу прволигашките клубови под казна на ФИФА се АПОЕЛ, АЕЛ Лимасол, Анортиоза и Закакиу.

Олимпијакос Никозија, ПАЕК, Ермис, Пехиа, Дигенис Епсон, Олимпијас Лимпија се второлигашите кои нема да можат да прават трансфери до понатамошно известување.

Share This Article