Феноменот “Охрид” без пруга – Три Воза, нула одговорност?!

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Охрид, градот кој некогаш го красеше железничкиот сообраќај со возот „Ќиро”, денес претставува совршен пример на економска трагедија во областа на јавниот превоз. Градот што нема железничка пруга, парадоксално располага со три воза за превоз на патници, создавајќи уникатна ситуација во регионот и балканот.

Овој феномен претставува класичен случај на нерегулиран пазар каде што отсуството на институционална контрола создава хаос во јавниот сектор. Управата за јавни приходи во Охрид, чија директорка според извори е фокусирана на активности кои не се поврзани со нејзината основна надлежност, не успева да обезбеди адекватна фискална контрола.

Најпроблематичен е третманот на даночните обврски. Минатата година возовите беа регистрирани како „продажба на сувенири”, што претставува очигледна злоупотреба на даночниот систем. Оваа година, истите возови функционираат во правна празнина – официјално не постојат за УЈП и другите институции, но продолжуваат да работат.

Отсуството на лиценци за јавен превоз создава сериозни безбедносни ризици. Возовите функционираат без надлежен нужен надзор, без редовни технички прегледи и без осигурување за патниците. Оваа ситуација го става Охрид во позиција на лидер по број на нелегални возила за јавен превоз во однос на бројот на жители.

Економските последици се повеќе слојни. Легалните превозници се ставени во нерамноправна конкуренција, што ја нарушува пазарната рамнотежа. Буџетот на градот трпи загуби од неплатени даноци, додека граѓаните кои се држат до законските прописи носат дополнителен терет.

Оваа ситуација илустрира поширок проблем во македонскиот јавен сектор – селективната примена на законите и отсуството на одговорност од страна на институциите. Додека едни субјекти плаќаат данок и се придржуваат до прописите, други функционираат во сива зона на пазарот.

Решението на овој проблем бара итна интервенција од надлежните институции, воведување на јасни правила за јавниот превоз и обезбедување рамноправна третман на сите учесници на пазарот. Без тоа, Охрид ќе остане негативен пример на тоа како не треба да се управува со јавниот превоз во модерна држава.

Отсуството на лиценци за јавен превоз создава сериозни безбедносни ризици. Возовите функционираат без надлежен надзор, без редовни технички прегледи и без осигурување за патниците. Оваа ситуација го става Охрид во позиција на лидер по број на нелегални возила за јавен превоз во однос на бројот на жители.

Клучното прашање е: дали ќе чекаме да се случи некоја несреќа по примерот на Ласкарци, Кочани и слично, па потоа да бркаме вештерки кој ќе биде виновен? Искуството од претходните трагедии во земјата покажува дека институциите честопати реагираат дури откако штетата е направена, наместо превентивно да ги решават проблемите.

- Advertisement -
Ad image

Чии е возовите без дневен ред гопода?

С.Денесовски

Share This Article