More

    Фенербахче и Галатасарај го напуштија теренот во Ријад

    spot_img

    Финалето на турскиот Суперкуп меѓу Фенербахче и Галатасарај вечерва нема да се одигра во Ријад, причините се политички. Организаторите им забранија на фудбалерите да носат маички со ликот на Кемал Ататурк, а турските екипи во знак на протест го напуштија стадионот.

    Двете екипи бараа да излезат на терен со маици со ликот на Кемал Мустафа Ататурк и да пренесат порака за мир во светот, меѓутоа саудиските власти не дозволија такво нешто затоа што се косело со нивните начела и имало политичка позадина.

     

    Турските екипи се обединија, веднаш се спакуваа и го напуштија стадионот, а навивачите почнаа да скандираат „Ние сме војници на Мустафа Кемал Ататурка“, но организаторот го зголеми звукот на музиката за да не се слушаат извиците од трибините на.

    Засега, не е познато каде и кога ќе се игра финалето на турскиот Суперкуп.

    Фенербахче и Галатасарај за овој потег добија поддршка од цела Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img