Федерер на последните настапи во кариерата нема да биде сам

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Швајцарецот Роџер Федерер на својот проштален настап во кариерата во дресот на тимот на Европа на претстојниот Лејвер куп во Лондон ќе настапи само во парови, а не и во поединечна конкуренција.

Лејвер купот меѓу екипите на Европа и остатокот на светот е на програмата од 23 до 25 септември во лондонската О2 Арена.

– Мислам дека би можел в петок да заиграм во парови – изјави 41-годишниот Федерер за швајцарските новинари во Лондон.

– Искрено, по последните неколку интензивни тренинзи јас бев задоволен со нивото на мојата игра – рече Федерер, кој во Лондон тренираше со Гркот Стефанос Циципас.

Share This Article